18.8 C
Скопје
18. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Лавров го кажа условот за доаѓање во Скопје

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во понеделникот (27-ми ноември) рече дека ќе присуствува на состанокот на ОБСЕ во Северна Македонија доколку Бугарија го отвори својот воздушен простор и дека некои западни земји веќе побарале средби со него.

„Очигледно, Бугарија и вети на Македонија дека ќе го отвори нејзиниот воздушен простор, ако тоа се случи, тогаш ќе бидеме таму. Да видиме“, рече Лавров на конференцијата во Москва.

Тој истакна дека веќе имал неколку барања за средби, вклучително и од западни претставници.

„Ако некој ни пријде, ние никогаш не бегаме и не се криеме“, додаде шефот на руската дипломатија.

Претходно, Владата на Македонија донесе одлука за укинување на забраната за прелет на рускиот авион, со што на руската делегација, вклучително и шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, ќе и се овозможи слета во Скопје, откако министерствата за одбрана и за надворешни работи даде одобрение за тоа, јавува Радио Слободна Европа.

„Северна Македонија не доби никакво ветување од Бугарија дека Софија ќе го отвори својот воздушен простор за авионот на рускиот министер за надворешни работи Лавров да дојде во Скопје на Министерскиот совет на ОБСЕ. „Бугарија или Грција треба да одлучат дали некој од нив ќе ги укине санкциите за руските летови или ќе дозволи само авионот на Лавров да лета во нивниот воздушен простор“, велат извори од Министерството за надворешни работи на Северна Македонија за Радио Слободна Европа.

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, пред два дена изјави дека преговара со Бугарија и Грција за да се дозволи прелет и дека не гледа причина зошто тоа да не го дозволат.

„Ако донесеме одлука, не гледам зошто таа не би била прифатена. Одлуката на ЕУ е јасна и таа вели „со исклучок на настаните поврзани со ОБСЕ и другите меѓународни организации“, бидејќи Лавров беше во Њујорк, но во Обединетите нации, не во САД. Мораме да ја направиме таа разлика помеѓу билатералниот и мултилатералниот карактер на посетата“, додаде Османи.