Повеќе од 160 здравствени работници се убиени за време на својата должност во Појасот Газа откако Израел почна офанзива против палестинската енклава, соопшти денеска портпаролот на Светската здравствена организација, Кристијан Линдмајер.
Тој повика на итно укинување на ограничувањата за медицинска помош за Газа.
„Над 160 здравствени работници загинаа додека вршеа должност, додека се грижеа за повредените и болните. Тоа се луѓе што го одржуваат здравствениот систем преку посветеност, некако најдоа начин да одржат одредено ниво на услуга“, рече Линдмајер и додаде дека некои лекари, поради многу лоши услови, се принудени да вршат операции, вклучително и ампутации, без анестезија.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...