18.8 C
Скопје
18. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Хирург од Газа: Раните ги дезинфицираме со оцет

Хирург кој работи во Газа се пожали дека морал да ги лекува бактериските инфекции на рани со „оцет од продавница на аголот“ бидејќи снемало медицински материјали, пишува Sky News. Гасан Абу Ситах, хирург од „Лекари без граници“, објави слика од шише оцет на социјалната платформа Х.

Абу Ситах работел во различни болници во Газа од избивањето на конфликтот и оперирал во болницата Ал-Ахли кога беше погодена во вторникот. Локалните власти тврдат дека во експлозијата загинале 471 лице, но Израелците ја оспоруваат таа бројка.

Двете завојувани страни се расправаат кој е одговорен за експлозијата. Израелската војска негираше каква било одговорност, припишувајќи го нападот на палестинската организација Исламски џихад. Тие потоа објавија снимки од беспилотни летала на кои наводно се гледа како ракета на Исламски џихад погодува паркинг на болница во Газа.

Патем, здравствените работници во Газа веќе предупредија дека илјадници би можеле да умрат додека болниците полни со ранети немаат основни потреби. Лекарите без граници претходно оваа недела соопштија дека хирурзите во болницата Ал-Шифа почнале да оперираат пациенти без анестетици бидејќи залихите биле „катастрофално“ мали.