11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Сирени за тревога во централен Израел

Ракетните сирени се вклучија во центарот на Израел, само неколку минути по заминувањето на Џо Бајден. За време на посетата, американскиот претседател разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Тој рече дека верува во израелската верзија на настаните околу експлозијата на болницата во Газа.

Сирени се слушнаа во централните градови Ход Хашарон, Ганеи Ам, Јаркона, Аданим и Петах Тиква. Се појавија и снимки на кои се гледа како израелската Железна купола пресретнува ракети.