10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Украина зададе тежок удар, погоден аеродром од МОЌНА американска ракета (ВИДЕО)

Украина, наводно, уништила девет руски хеликоптери на аеродромите во Бердјанск и Луганск во текот на претходната ноќ.

„Украина, наводно, уништила девет руски хеликоптери на аеродромите во Бердјанск и Луганск во текот на претходната ноќ. Оштетена е и специјалната опрема, системот за противвоздушна одбрана „Панцир“, складиште за муниција и пистите, а има повеќе повредени и мртви.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврди дека во овој напад за прв пат била употребена ракетата ATACMS. Тој им се заблагодари на Соединетите Американски Држави за помошта.

„Денес сме особено благодарни на Соединетите Американски Држави. Нашите договори со претседателот Џозеф Бајден се исполнуваат. Тие се спроведуваат многу прецизно. Ракетите се докажаа“, рече Зеленски.

На социјалните мрежи наводно се појави видео од хеликоптерскиот напад на базата во Луганск. Растојанието на аеродромот од линијата на фронтот е околу 100 километри.

Владимир Рогов, руски функционер во окупираниот дел на Запорожје, негира дека украинскиот напад бил успешен и тврди дека проектилите биле соборени. Сепак, руските воени блогери го демантираат тоа и потврдуваат голема штета во Бердјанск.

„Не е добро утро. Ноќе, Украинците го нападнаа нашиот аеродром со проектили ATACMS, каде што беше стационирана воената авијација. Еден од најтешките удари на сите времиња во Северниот воен округ. Ако не и најсериозниот. Загубите се и луѓе и технологија. Бесмислено е да се пишува дека треба да донесуваме заклучоци за да не се повтори тоа. Ќе се повторува се додека трае војната. Мора да бидеме подготвени“, вели воениот блогер Fighter Bomber.

Воениот блогер Командкор наведува дека овој напад од Украина бил масовен. Се проценува дека биле истрелани повеќе од 40 проектили.

„Ракетниот напад на аеродромот во Бердјанск беше масовен. Нашите соборци известуваат и за можна употреба на ракети ATACMS, а се споменува и употреба на касетна муниција. Се проценува дека бројот на истрелани проектили не е помал од 40. Се чини дека многу од нив биле пресретнати, а веројатно е комбинација од S200, Storm Shadows и ATACMS“, вели Командкор.

Американскиот „Волстрит џурнал“ наведува дека Украина за прв пат користела американски ракети со долг дострел АТАКМС. Тие се повикаа на анонимни извори.

Се додава дека Ураџина ги користи овие ракети со дострел од 160 километри. Од руска страна нема официјални информации за овој напад.