11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(ВИДЕО) Трупа снег во Босна – студениот бран ита и накај Македонија

Во Босна и Херцеговина вечерта падна првиот снег на планината Влашиќ.

„По серијата летни денови пристигна промена на времето. Облаци, дожд и значително постуден воздух го зафатија поголемиот дел од земјава. Како што одминува денот ќе станува се поладно, а во вечерните часови ќе се појават првите снегулки на врвовите на највисоките планини“, објавија босански метеоролози.

ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА.

Утре во Македонија претпладне ќе биде облачно со локални врнежи од дожд, попладне променливо облачно и свежо. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, најизразен долж Повардарието.

Во Скопје променливо облачно и ветровито, во утринските часови со врнежи од дожд. Ќе дува засилен ветер од северен правец.

Температурите ќе паднат за 10 степени и повеќе, велат од УХМР.