11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вулкан еруптира на Хаваите

Вулканот Килауеа на Хаваите, еден од најактивните во светот, еруптира по двомесечна пауза исфрлајќи вжештена лава, но безбедноста на луѓето и објектите во националниот парк на Големиот остров не е загрозена.

Хавајската опсерваторија на вулканите соопшти дека Килауеа еруптирал во неделата попладне.

Килауеа еруптира во јуни неколку недели исфрлајќи вжештена лава, а луѓето се собраа во националниот парк на Големиот остров за да ја гледаат ерупцијата.

Килауеа, вториот по големина вулкан на Хаваите, еруптира од септември 2021 година до декември минатата година.

Во ерупцијата на тој вулкан во 2018 година беа уништени повеќе од 700 дома.