17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
СВЕТ

(Видео) 15 лица загинаа во пожар на Филипините

Во пожар во мала фабрика за облека на Филипините загинаа 15 лица бидејќи пожарникарите не можеа навреме да стигнат до зградата поради поплавите во областа.

Покрај поплавите, пожарникарите доцнеа и поради метеж, а им беше дадена погрешна адреса, изјави Наум Тароза од Бирото за противпожарна заштита.

Пожарот во селото Таданг Сора во предградието на Кезон Сити е изгаснат по два часа, а истрагата за причините за пожарот е во тек.


Се претпоставува дека повеќето од жртвите се работници во фабрика, кои спиеле во своите соби кога избувнал пожарот.

Меѓу загинатите се и сопственикот на фабриката и неговото дете, изјави Наум Тароза.

Три лица преживеале со повреди со кои се здобиле панично скокајќи од вториот кат на фабриката, рече Тароза.

Во фабриката се чувале запаливи материјали и текстил што се користат за изработка на облека.