10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Силен земјотрес од 7,1 степени по Рихтер ја погоди Индонезија: „Траеше 30 секунди, се тресеше навистина силно“

Земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди Индонезија, јавува EMSC.

Епицентарот на земјотресот бил на околу 207 километри северно од градот Матарам и на околу 192 километри северо-северозападно од градот Лабуан Ломбок.

Земјотресот се случил на длабочина од околу 516 километри.

Граѓаните на Индонезија кои го почувствуваа потресот ги оставија своите коментари на веб-страницата на ЕМСЦ.

„Тоа траеше 30 секунди“, „Навистина силно се тресеше, се чувствував како на брод“, „Беше силно“, „Ме разбуди од сон“, „Долго се тресеше“, „Тоа ги разбуди речиси сите во хотелот“…