25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Експерт: „’Вагнер’ обезглавен, но не и распуштен“

Во изјава за Радио Слободна Европа, Киер Џајлс, експерт од Лондон, вели дека најблиските соработници во „Вагнер“ се чини дека имаат впечаток оти сега се безбедни, но тоа според него е ужасна погрешна пресметка“, оценува тој.

Според него, рускиот претседател Владимир Путин си ги повратил својата позиција и угледот на силен и безмилосен лидер кому не треба да му се спротивставува.

„Затоа, секој што го анализира примерот на Пригожин, мислејќи дека и тие може да ја предизвикаат руската моќ и потоа да преживеат, сега повторно ќе го проценат ризикот. Така, Владимир Путин во тој поглед го реши проблемот и засега тоа значи дека барем во земјата неговата позиција е посигурна“, вели Џајлс.

Во интервју за РСЕ одговара дека има три прашања во врска со смртта на Евгениј Пригожин.

Според него, театралното отстранување на Пригожин и начинот на кој се редат убиствата на невини луѓе, исто така безмилосно, испраќа многу намерна порака до оние што можеби размислуваат да му се спротивстават на Кремљ.

„Се разбира, една од највпечатливите работи е тоа што во Русија е прифатено како нормално и природно. Беше отфрлено без око да трепне бидејќи се чини дека така се прави бизнисот во Русија и тоа е показател за тоа колку далеку падна Русија. Од нормална цивилизирана земја, а сега до место каде што масовните убиства се средство за справување со луѓе што се противат на режимот“, вели аналитичарот, автор на неколку книги за Русија.

„Кога станува збор за негирањето на Кремљ и дали тој е вмешан во смртта на Пригожин, нема причина да се верува во она што го кажува официјална Русија за оваа авионска несреќа бидејќи проблемот е што таа самата создава бариера, дека многу ретко ја кажува вистината за што и да било“, оценува тој.

Џајлс вели дека никој не очекува признание дали руските власти стојат зад инцидентот.

„Значи, тоа воопшто не е корисна информација, а не е ниту ДНК-анализата, која наводно покажала дека Пригожин е, всушност, мртов бидејќи нема аспект од оваа истрага што е транспарентен и доверлив“.

Тој вели дека Кремљ не била единствената организација на државната власт што му забележувала на Пригожин.

„Тој навреди многу повеќе луѓе и не само оние што седеа во Кремљ. За време на бунтот пред два месеца, тој првенствено беше во конфликт со руското Министерство за одбрана, исто така беше крајно непопуларен кај безбедносните служби, кај ФСБ, така што во Русија немаше недостиг на луѓе што сакаа да биде мртов, а тие имаа можност да го направат тоа, тие го прават“, вели Џајлс.

Верува дека Пригожин е речиси сигурно мртов, но дека поради негирањата и лагите од Кремљ, теориите на заговор никогаш нема да престанат.

Кога станува збор за обезглавувањето на „Вагнер“, експертот, кој зборуваше за РСЕ, вели дека тоа е точно и дека е помалку влијателна организација, но дека не е целосно расформирана. Понатаму, вели тој, и двата обида на руската држава да ја неутрализира заканата од вооружениот кадар на луѓе „што сега ѝ се лути на руската држава се пропаднати.

„Пропаднаа напорите на Кремљ да ги интегрира во редовните руски вооружени сили, како и обидот да се ослободи од нив во соседна Белорусија“, рече тој во интервју за РСЕ.

Со оглед на тоа што некои членови на „Вагнер“ ветија одмазда, експертот вели дека иако на почетокот се слушале повици за одмазда, тие подоцна згаснале.