17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Заврши операцијата на девојчето што остана живо во сообраќајката на пат до Златибор

Состојбата на другата повредена девојка (11), која беше повредена во сообраќајката што утрово се случи во Ужице, се уште е тешка.

– Операцијата е завршена, крварењето е згрижено, но има сериозна повреда на главата. Нејзиниот живот се уште е во опасност, потврдија за РИНУ во Општата болница во Ужице.

Баба, дедо и внука (9) загинаа денеска на Ложионскиот мост на влезот во Ужице, кога дошло до директен судир со цистерна.

9 годишното девојче им подлегна на повредите.

До несреќата дошло кога дедото излегол од колоната од правец на Златибор и преминал на спротивната страна, кога со автомобил „шевролет“ прелетал директно под цистерната што се движела од правец на Пожега.

Објавени беа и првите фотографии од местото на трагедијата.