17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пукање во Бостон: 7 загинати

Најмалку седум лица се повредени во пукање за време на карипска парада во бостонскиот кварт Дорчестер, соопшти денеска полицијата.

Повредените биле пренесени во локалните болници. Тие имаат повреди кои не се опасни по живот, а неколку лица се уапсени и пронајдено е огнено оружје, изјави наредникот на бостонската полиција Џон Бојл.

Пукањето се случило за време на парадата Жувер, која е дел од градскиот карипски карневал.

„Денешното масовно пукање ја нагласува кризата со оруженото насилство со која се соочуваме. Ова е вонредна состојба за јавното здравје и јавната безбедност“, рече претседателот на Градскиот совет на Бостон, Ед Флин.