17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Соборен дрон пред Москва

Киев со беспилотно летало се обидел да нападне објекти на територијата на Москва, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

„На 26 август, околу 03:00 часот по московско време, беше спречен обид на режимот во Киев да изврши терористички напад со дрон врз објекти во Москва и Московската област. Дронот беше уништен над територијата на областа Истрина“, соопшти Министерството.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, соопшти дека, според прелиминарните информации, нема жртви или материјална штета, пренесува Спутник.