17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Потрага по над 300 лица во пожарите на Хаваи

Бројот на загинати во шумскиот пожар на Хаваи што избувна на 8 август во моментов е 115, но властите предупредуваат дека оваа бројка сигурно ќе се зголеми. Спасувачите сè уште ги пребаруваат јагленосаните урнатини на Лахаина.

Официјални лица на Хаваи ги објавија имињата на 338 лица кои сè уште се водат како исчезнати повеќе од две недели по најсмртоносниот шумски пожар во САД во последните сто години.

Списокот на ФБИ вклучува само луѓе со полни имиња и чие исчезнување го пријавил некој чии контакт-информации биле проверени од властите.

„Овие 338 имиња се само дел од поголема листа. Да не го изгубиме од вид фактот дека имаме уште неколку стотици имиња за кои ни се потребни дополнителни информации“, рече Стивен Мерил, агент на ФБИ во Хонолулу.

Од објавувањето на списокот со имиња, ФБИ добил извештаи за околу 100 луѓе кои се живи, а агентите работат на потврда на таа информација, додаде Мерил.

Ова е најсмртоносниот пожар во САД од шумските пожари во Минесота и Висконсин во 1918 година, во кои загинаа повеќе од 450 луѓе.