12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Патник донел плинска боца што експлодирала – 9 загинати во пожар на железничка станица во Индија

Во пожар што избувна во паркиран вагон на железничката станица Мадурај во Тамил Наду, девет лица загинаа, а 20 се повредени, соопштија денеска тамошните власти.

Според официјални лица, пожарот избувнал околу 05:00 часот по локално време и на пожарникарите им биле потребни два часа за да го изгаснат пожарот.

Во соопштението за медиумите на компанијата „Јужна железница“ се наведува дека пожарот избувнал во приватен вагон кој стоел одвоен од остатокот од возот на станицата Мадурај.

Пожарот настанал од плинска боца која ја донел еден од патниците. Останатите вагони не се оштетени во пожарот, јавува Срна.