10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ: Во Шпанија запленети околу 10 тони кокаин, дрогата била во контејнер за транспорт на банани

Шпанската полиција заплени 9,5 тони кокаин скриен во контејнер за транспорт на банани од Еквадор, што е најголема количина запленета во еден контејнер во таа земја, соопшти денеска шпанската полиција.

Оваа операција беше невиден удар за една од најголемите светски криминални организации во дистрибуција на кокаин, чија цел беше големи криминални мрежи во Европа – се наведува во соопштението.

Кутиите биле означени со повеќе од 30 различни логоа кои одговараат на различни европски криминални кругови до кои требало да пристигне кокаинот, но шпанската полиција јавно не именувала за кои кругови или организации станува збор.

Криминална организација во Еквадор имала голема мрежа за испраќање дрога во Шпанија, главно до пристаништата Алхесирас и Виго на северозапад, преку меѓународна компанија за трговија со банани лоцирана во главното пристаниште за извоз на банани во Еквадор – Мачала.