10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ИМ ПРОДАВАЛ ОТРОВ НА ЛУЃЕ: Канадски готвач поврзан со 88 самоубиства

Националната агенција за криминал (NCA) започна официјална истрага против Кенет Ло, канадски готвач поврзан со 88 смртни случаи во Британија.

Смртоносниот самоубиствен отров го набавил преку својата веб-страница. Агенцијата соработува со сите полициски сили за да ги идентификува потенцијалните жртви, пишува Тајмс.

Списокот на Интерпол со детали за 232 негови британски клиенти беше предаден на агенцијата во Канада, а подоцнежната истрага покажа дека 88 лица во ОК починале.

Ло (57) беше уапсен во Канада неколку дена откако „Тајмс“ откри дека две години продавал отров преку Интернет „под носот на властите“.

Тој му призна на таен новинар дека „многу, многу, многу, многу“ луѓе починале откако ја земале супстанцијата.