17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Поранешен британски генерал: Путин, веројатно, стои зад смртта на Пригожин

Владимир Путин, најверојатно, стои зад смртта на Евгениј Пригожин, според поранешен командант на британската армија.

„Мислам дека е многу веројатно, дури и ако тоа не беше директно наредено од Путин, оти тоа беше направено од некој што знае што би сакал Путин и се погрижил да се случи елиминацијата“, изјави поранешниот началник на Генералштабот, генерал Лорд Данат, за „Скај њуз“.

„Мислам дека тоа е заслуга на Путин“, додаде тој.

„Тој беше ослабен од моментот кога Пригожин го почна својот несреќен марш кон Москва пред два месеца“, додаде тој за Путин.