17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Архива
СВЕТ

Во Пакистан евакуирани 100.000 луѓе: поплавени села, уништени насади

Речиси 100.000 луѓе се евакуирани од поплавените села во пакистанската провинција Пенџаб.

Неколку стотици села во Пенџаб беа потопени поради излевањето на реката Сутлеј, а уништени се илјадници хектари земјоделско земјиште, особено насади.

Насипите што требаше да ги заштитат живеалиштата не издржаа и веќе не може по пат да се стигне до стотици села.

Продолжуваат операциите за помош во поплавените подрачја, каде што службите за итни случаи користат чамци за да превезуваат жени, деца, мажи и добиток на безбедно.