11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ја престигна колоната, па заврши зад решетки: Двомесечна затворска казна доби маж (42)

Маж кој пред неколку дена престигна колона автомобили кај Дубровник ќе оди во затвор на 59 дена, соопшти хрватската полиција.

Во петокот на 18 август во попладневните часови, 42-годишен маж кој управувал возило со германски регистарски таблички бил запрен од сообраќајна контрола во градот Чибача. Возачот претходно бил забележан како престигнува колона возила, при што ја загрозува безбедноста на другите учесници во сообраќајот – соопштија од полицијата.

– Дополнително, тој одбил да биде тестиран за присуство на дрога во телото, а кај него е пронајдена и помала количина марихуана – додаваат оттаму.

Дрогата е одземена со потврда, а на 42-годишниот возач му е изречена прекршочна глоба од 2.373 евра, против што навреме поднел жалба до надлежниот Општински суд во Дубровник, кој спроведе избрзана прекршочна постапка и му изрече 59 дена во затвор и е предаден во дубровничкиот затвор – велат од полицијата.