12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Стефан (8) бил вшмукан од одводот на базен, го извлекле дури по два часа – Детали за трагедијата во Италија

На дваесетина километри од Рим, во Терме ди Кретоне починал осумгодишниот Стефан, кој бил таму на одмор со семејството.

Трагедијата се случила во четвртокот кога детето било вшмукано од одводите на базен.

Откако звучните сигнали ги предупредиле гостите дека базените ќе се затворат и да тргнат кон излезите, детето паднало во водата.

Набрзо завршил на дното, од каде што го влечела одводна цевка, пишува италијанскиот „Кориере дела сера“.

Набрзо пристигнале здравствените работници и пожарникарите, но поради преголемиот притисок на водата не успеале да го спасат. Дури по два часа го извлекле телото на Стефан, осумгодишното момче дотогаш веќе било починато.

Според првичните информации, момчето паднало во базенот кога се чистеле и празнеле акумулациите, а инспекторите се обидуваат да утврдат дали Стефан нурнал или паднал во водата и зошто го започнале системот за чистење ако се уште имало голем број гости околу базенот.

Телото на детето е на обдукција, а се проверува исправноста на одводниот систем за да се дознае што всушност се случило.