12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бугарските медиуми откриваат: Која е застреланата жена што го придружувала убиениот бугарски бизнисмен

Спортистка и учителка по тенис е жената која што беше застрелана во моментот кога беше убиен бугарскиот бизнисмен, Алексеј Петров.

Бугарската „Нова“ јавува дека жената има 47 години.

„Таа е спортистка и учителка по тенис. Жртвата изнајмила терени во спортскиот и рехабилитациониот центар на државната болница за да тренира“, пишува „Нова“.

Според нивните извори, таму бил виден и Алексеј Петров, а двајцата претходно заедно излегувале на прошетки во планина.

Меидумот додава дека жената има мало дете, но не го открива нејзиното име.

Познатиот бугарски бизнисмен, политичар и поранешен припадник на Државната безбедност, Алексеј Петров беше убиен вчера во Софија. Тој бил застрелан во софиската населба „Драгеловци“ каде го пронашле припадници на МВР, а жената која била со него, во тешка состојба беше пренесена во болница. Според последните информации, таа е во свесна состојба, но не може да зборува бидејќи е интубирана. Вчера имала две операции, и е во тешка состојба.

Бугарското Министерство за внатрешни работи соопшти дека Петров бил придружуван и од тројца телохранители.

Во минатото, Петров преживеа два обиди за атентат, во август 2002 година и во 2015 година, кога врз него беше фрлена експлозивна направа.