11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Уапсени се шест Колумбијци, вмешани во убиството на претседателскиот кандидат, соопшти еквадорската полиција

Шест Колумбијци се уапсени за вмешаност во убиството на еквадорскиот претседателски кандидат Фернандо Вилависенсио, соопшти еквадорската полиција.

Седмиот осомничен, кој им подлегна на раните здобиени во престрелка со полицијата, исто така бил Колумбиец.
Вилавиченсио е убиен за време на предизборен митинг во Кито, напаѓачот бил неутрализиран од полицијата која го обезбедувала собирот, а останатите осомничени се приведени по полициска акција, соопшти Државното обвинителство.

Во својот последен говор, пред да биде убиен, Вилависенсио им вети на гласачите дека ќе ја искорени корупцијата и ќе ги затвори „лоповите“ во земјата.

Според анкетите на јавното мислење, Вилависенсио имал поддршка од 7,5 отсто од електоратот и бил петти најпопуларен меѓу претседателските кандидати.

По неговиот атентат, еквадорскиот претседател Гиљермо Ласо прогласи вонредна состојба во земјата и потпиша декрет за прогласување на тридневна национална жалост.