30.8 C
Скопје
17. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Избоден маж на најпопуларната туристичка атракција во Британија, полицијата го уапси напаѓачот

Маж е обвинет дека со нож избол лице и му нанел сериозни повреди во близина на британскиот музеј.

Како што јавува Би-би-си, напаѓачот е приведен.

Повредениот е пренесен во болница, а неговата состојба сѐ уште се проценува, пишува „Гардијан“.

„Ова беше изолиран инцидент и нема никаков ризик за јавноста. Ноќниот напад не се третира како поврзан со тероризам“, соопшти лондонската полиција.

Просторот пред музејот беше опколен додека се вршеше увид.

„Гардијан“ додава дека британскиот музеј е меѓу најпопуларните туристички атракции во земјата, а годишно го посетуваат речиси два милионa туристи.