10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Хорор во Австрија: Босанец (22) бил брутално претепан, напаѓачот повредил четворица полицајци при апсењето

„Кронен цајтунг“ објави дека 22-годишен маж од Босна и Херцеговина бил брутално претепан во стариот центар на Салцбург.

Според австриските медиуми, во петокот наутро дошло до расправија која прераснала во тепачка во која учествувале 20-годишен Германец, непознат сторител и 22-годишен млад човек од Босна и Херцеговина.

Насилниците по вербална расправија го нападнале и го удирале младиот човек од Босна и Херцеговина. Кога младиот човек веќе бил на земја, двајцата напаѓачи го удирале со нога по главата и горниот дел од телото.

Кога полицијата во патрола поминала во близина на местото на злосторството, ја забележала ситуацијата. По кратката потера, полицајците успеале да го уапсат насилникот, 20-годишен Германец. Толку дал отпор што при апсењето повредил четворица полицајци.

Повредениот бил пренесен во болница со неидентификувани повреди. Во меѓувреме, полицијата трага по уште еден осомничен, пренесува „Кроне цајтунг“.