25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Зеленски за состојбата на фронтот: Борбите се тешки, но украинските сили доминираат

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, изјави дека руските војници со сите сили се обидуваат да ги запрат одбранбените сили на Украина, но дека украинските бранители доминираат.

Ова го изјави Зеленски во својата вечерна видео порака.

„Нападите се многу силни. Во правец на Купјанск, Лиман, Бахмут, Маринка, Авдејевка, секаде е тешко. Но, што и да прави непријателот, доминира украинската сила“, рече Зеленски во видео-обраќање, пренесува „Униан“.

Тој додаде дека Украина работи на тоа да има повеќе системи за противвоздушна одбрана и дека тоа е задача на секој нејзин амбасадор и претставник.