25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Напад во Јужна Кореја: маж влета со автомобил во пешаци и ги нападна со нож

Најмалку 14 лица се повредени кога маж со својот автомобил влетал во пешаци, а потоа почнал да ги боде со нож во близина на станицата на метрото во градот Сеонгнам, јужно од Сеул.

Девет лица се избодени со нож на самото место, додека петмина се повредени откако осомничениот со својот автомобил влетал во пешачката патека пред нападот со нож, соопштија властите.

Од 14 повредени, 12 се тешко повредени, а две лица со полесни повреди, соопшти противпожарната служба.

Полицијата го уапсила осомничениот 10 минути по нападот.

Пред само неколку дена едно лице беше убиено, а неколку беа повредени во друг напад со нож во Сеул. Сепак, ваквите инциденти се ретки во Јужна Кореја, каде што насилниот криминал е низок.