10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Путин разговараше со Ердоган: ќе продолжиме да се ангажираме во договорот за жито

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган му рекол на својот руски колега Владимир Путин дека ќе продолжи да се ангажира дипломатски за да го обнови договорот за жито, соопшти денеска кабинетот на турскиот претседател.

За време на телефонскиот разговор двајцата лидери се договориле за посетата на рускиот претседател во Турција, се наведува во соопштението.

„Претседателот Ердоган ја изрази важноста да се воздржи од потези кои би можеле да доведат до ескалација на тензиите за време на руско-украинската војна, нагласувајќи ја важноста на иницијативата на Црното Море, која тој ја опиша како мост на мирот“, се додава во соопштението.

На 17 јули Русија се повлече од договорот за извоз на жито преку украинските пристаништа на Црното Море поради, како што наведе, непочитување на делот од договорот поврзан со извоз на руски прехранбени производи и минерални ѓубрива.