17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Паника во Москва: Со дрон нападната зграда во центарот на градот

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, објави дека синоќа биле лансирани две украински беспилотни летала врз објекти во руската престолнина. Тие биле соборени, а еден удрил во зградата.

Станува збор за зградата која беше погодена во неделата во напад со дрон. Руското Министерство за одбрана, исто така, објави дека две беспилотни летала биле соборени над одбранбените системи во областите Одинцово и Нарофомински во непосредна близина на Москва. Еден се урнал во градот, пренесува агенцијата Тас.

Градоначалникот на Москва на Телеграм објави дека во нападот нема повредени. Оштетена е фасадата на зградата, искршени се околу 150 метри квадратни прозорци“, рече тој. Московскиот аеродром Внуково беше привремено затворен, а сите летови во околината беа пренасочени.

Министерството соопшти дека се работи за „терористички напад на режимот во Киев“.

„Повторно соборивме беспилотно летало над радио-електронската опрема и тој испадна од контрола и удри во нестанбена зграда во Москва Сити“, беше објаснето.

Два дена претходно, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека доаѓа војна во Русија. Во неделата над Москва беа соборени три беспилотни летала. Украинците не ја презедоа одговорноста за нападите.