25.8 C
Скопје
2. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Речиси 70.000 пензионери, кои немаат 15 години стаж, отсега ќе добиваат делумна пензија, вели Курти

Косовскиот премиер Аљбин Курти најави дека по усвојувањето на Законот за изменувањето и дополнувањето на Законот за државните пензиски шеми, оние што не го исполниле условот од 15 години стаж до почетокот на 1999 година, сега ќе добиваат делумна пензија.

„Собранието на Републиката во прво и второ читање го донесе Законот за изменувањето и дополнувањето на Законот за државните пензиски шеми, со кој се додава нова пензиска шема, пензија со делумни придонеси. Речиси 70.000 пензионери, кои не по своја волја дале отказ во 90-тите, a во 1999 година не достигнале услов од 15 години стаж, отсега ќе добиваат делумна пензија“, напиша Курти на „Фејсбук“.

Како што вели тој, следен чекор ќе биде целосна пензиска реформа заедно со социјалната реформа.