16.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Еден месец по мистериозното исчезнување, сменет министерот за надворешни работи на Кина

По еден месец од исчезнувањето, Кина го смени министерот за надворешни работи, Чин Ганг. Потврда за неговото разрешување даде Ванг Ји кој претходно ја вршеше оваа позиција речиси 10 години. Ваквиот чекор доаѓа по неколку недели молк на Министерството, а додека во јавноста имаше разни теории за мистериозното исчезнување.

Чин последен пат беше виден во јавноста на 25 јуни кога се сретна со своите колеги од Русија, Виетнам и од Шри Ланка. Неговите планирани состаноци оттогаш се откажани или друг дипломат го заменуваше на средбите.

„Долгиот молк беше многу штетен за кинеската дипломатија. Зависноста на партијата од тајност во нејзините внатрешни операции сега има ослабувачки ефект врз способноста на земјата да работи со надворешниот свет“, рече Нил Томас, соработник за кинеска политика во Институтот за политика на азиската заедница во Вашингтон.

Тоа исто така го комплицира привременото затоплување меѓу САД и Кина. Кога државниот секретар Антони Блинкен се сретна со Чин во Пекинг минатиот месец – само една недела пред исчезнувањето на Чин Ганг, тие се договорија дека кинескиот министер за надворешни работи ќе возврати со посета на Вашингтон.

Исчезнувањето на Чин се коментира како: „шокантен пад за ѕвездата во подем на сè понаметливата кинеска дипломатија“.

Тој се сметаше за лојалист, промовиран од Шји Џјинпинг.