22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пакистан ќе поведе кривична постапка против поранешниот премиер Кан поради одавање службени тајни

Пакистан ќе поведе кривична постапка против поранешниот премиер Имран Кан под обвинение за одавање службена тајна, изјави денеска пакистанската министерка за внатрешни работи, Рана Санаула.

Случајот е поврзан со дипломатската кореспонденција за која Кан на почетокот на минатата година рече дека е дел од американскиот заговор за соборување на неговата влада.

Вашингтон негира вмешаност во таков заговор.