17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk / Сите права заддржани
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Сменет руски воен генерал: „Ни забија нож во грбот“

Рускиот генерал изјави дека е сменет од командантската функција кога го обвини военото раководство за ужасната ситуација на фронтот во Украина, каде што, како што наведе, на руските војници им бил забиен нож во грбот поради неуспехот на военото раководство.

Генерал-мајор Иван Попов, кој командува со 58. армија за комбинирано вооружување, во гласовна порака објавена од рускиот претставник Андреј Гуруљов рече дека е отпуштен.

Руското Министерство за одбрана сè уште не го коментира случајот, а „Ројтерс“ не можеше да ја потврди автентичноста на гласовната порака. Гуруљов е поранешен воен командант, кој редовно се појавува на државната телевизија.

„Беше тешка ситуација со властите во која требаше или да се молчи и да се биде кукавица или да се каже како стојат работите“, рече Попов.

„Немав право да лажам во ваше име, во име на моите паднати соборци, затоа ги презентирав сите проблеми што постојат“, изјави тој.

Попов рече дека е зголемен бројот на руски војници убиени од украинската артилерија и дека армијата нема соодветен систем за противартилериска одбрана и извидување.

„Високите лидери очигледно се почувствуваа загрозени и бргу добија наредба од министерот за одбрана за еден ден и се ослободија од мене“, рече генералот.

„Украинската армија не можеше да ги пробие нашите редови на фронтот, но нашиот висок командант нè удри одзади, сурово обезглавувајќи ја војската во најтешкиот момент“, изјави сменетиот генерал Попов.