22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Индија ќе лансира ракета кон Месечината в петок, „роверот“ треба да стигне до дестинацијата на 23 август

Индиската вселенска агенција се подготвува да лансира ракета в петок, со која ќе се обиде да спушти истражувачки „ровер“ на Месечината.

Со тоа Индија ќе испрати порака дека стана сила во истражување и тестирање на нови начини на тргување во вселената, пренесува Ројтерс.

Изграден со буџет од нешто помалку од 75 милиони долари, Чандрајан-3 треба да се подигне од космодромот во јужната држава Андра Прадеш.

Роверот треба да биде поставен на Месечината на 23 август.

„Успешната мисија ќе придонесе за глобалната позиција на Индија и ќе донесе индиректни придобивки за комерцијалната страна на индустријата“, рече Аџеј Леле од Институтот за одбранбени студии и анализи Манохар Парикар во Њу Делхи.