17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Бомбардирана турска воена база во Алепо, има загинати: нападот го извршиле руски сили

Турски офицери и војници загинале во бомбардирање на турска воена база кај Алепо, Сирија.

Повеќекратниот ракетен напад бил насочен кон турската база во близина на Истражувачкиот центар во градот Азаз во северниот дел на Алепо, пренесе „Атр прес“.

Локалните активисти известија дека во нападот загинале турски воени офицери, а турските власти сè уште не реагирале на информациите. Турција незаконски контролира големи области на северна Сирија од 2018 година и одржува 114 воени локации и контролни пунктови во Алепо, Идлиб, Рака, Хасаке и во Латакија.

Дамаск постојано го осудува военото присуство на Турција, кое го опиша како окупација, тврдејќи дека нивното присуство го спречува целосното ослободување на нејзините територии од тероризмот, пишува латиноамериканската новинска агенција „Пренса Латина“.

На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како извира чад од турската база по бомбардирањето. Наводно нападот го извршиле руски авиони, но засега нема официјални информации од ниедна страна.

Турција на 12 јуни изврши гранатирање во северна Сирија и дека во таа ситуација беше погодено руско возило, при што загина еден руски војник, а неколкумина беа ранети. Гранатирањето следуваше по еднодневното насилство меѓу курдските борци поддржани од САД и турските војници во северна Сирија, во кое загинаа неколкумина на курдската страна.