10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Зеленски: Зошто Пригожин го запре бунтот, не знам

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за Еј-би-си Њус изјави дека може да има нов бунт во Русија и дека има луѓе кои ќе го поддржат.

„Постои знак дека може да има уште едно востание во Русија, револуција. Покрај тоа, има многу луѓе кои би можеле да поддржат такво востание“, рече Зеленски, коментирајќи го востанието на руските платеници од групата Вагнер што се случи на 23 и 24 јуни во Русија.

„Путин нема воена сила во Русија, а руското цивилно население не е заштитено“, додаде тој.

Зеленски тврди дека примарна цел на шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин била да стане „политичка фигура“ во Русија и дека успеал.

Силите на Вагнер дојдоа на 200 километри од Москва, пред Пригожин ненадејно да го напушти бунтот.

„Зошто застана? Па, не знам со сигурност“, рече Зеленски.

По завршувањето на бунтот, на војниците на Вагнер им беше кажано да потпишат договори со руската војска, да се вратат кај своите семејства или да ја прифатат понудата на Лукашенко да заминат во Белорусија, каде што, според сателитските снимки, се изградени потенцијални нови воени бази.

Но, Зеленски вели дека достапните контраразузнавачки податоци сугерираат дека трупите на Вагнер нема да ја нападнат Украина од север.