10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бајден: Неверојатно е важно да се одреди како кокаинот влезе во Белата куќа

Американскиот претседател Џозеф Бајден е информиран за истрагата за откривање на кокаин во Белата куќа.

Тој верува дека е неверојатно важно да се утврди како супстанцијата стигнала таму, изјави денеска портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.

„Претседателот верува дека е неверојатно важно да се истражи ситуацијата до крај“, рече Жан-Пјер.

За време на откривањето на кокаинот, Бајден не бил во Белата куќа, но бил во Кемп Дејвид со членовите на семејството за време на празничниот викенд на Денот на независноста.

Белата материја била пронајдена во неделата, по што била повикана противпожарната служба да ја тестира за да се увери дека не е опасна.

Таа на првиот тест била позитивна на кокаин, што било потврдено и со секундарна чувствителна лабораториска анализа.