12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Дубровник воведува нови правила за туристите: Високи казни за оние кои нема да ги почитуваат

Новата политика ја воведе градоначалникот Мато Франковиќz

Забрането е влечење куфери

Благодарение на новите правила, на посетителите на Стариот град на Дубровник им е забрането да влечат куфери на тркала низ неговите кривулести улици – што значи дека нема да имате друг избор освен да ги носите сопствените торби.

Новата политика ја воведе градоначалникот Мато Франковиќ, кој рече дека тоа е обид за сузбивање на загадувањето со бучава, откако локалното население беше уморно од будење навечер од звукот на патниците кои удираат со куферите по камените улици. А оние кои ќе бидат фатени како ги влечат куферите на тркала би можеле да се соочат со прилично голема казна од 265 евра.

„Само почеток“

Всушност, според градоначалникот, овие правила се „само почеток“. Од ноември локалната самоуправа се надева дека заеднички ќе се ослободи од куферите во Дубровник, воведувајќи систем според кој торбите ќе се депонираат надвор од градот и со курир ќе се транспортираат до сместувањето. Звучи елегантно – и потенцијално, прилично скапо.

Се додека не се воспостават тие планови, се чини дека нема привремен план за оние кои не можат да го носат сопствениот багаж. Исто така, се повикуваат туристите да не ги шетаат домашните миленици без поводник, да не се качуваат по споменици или да се шетаат без кошула, за да покажат „почит“ кон градот.