25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Лукашенко повторно разговараше со Путин

Белорускиот претседател Александар Лукашенко утринава телефонски разговарал со неговиот руски колега Владимир Путин, соопшти прес-службата на белорускиот претседател.

– Утрово Александар Лукашенко разговараше со неговиот руски колега Владимир Путин – се наведува во соопштението.

Сепак, деталите од разговорите меѓу двајцата лидери не се објавени.

Се додава дека, по разговорот со Путин, Лукашенко имал телефонски разговор со казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев, со кого разговарал за меѓународната ситуација, ситуацијата во регионот и односите Белорусија и Казахстан.

Вчера, Лукашенко одигра клучна улога во преговорите со лидерот на Вагнер, Евгениј Пригожин, кој потоа наводно го прифатил предлогот да го запре движењето на неговите борци кон Москва и да преземе чекори за деескалација на тензиите.

Подоцна беше потврдено дека нема да биде поведена кривична постапка против Пригожин и неговите борци за бунт и дека водачот на групата Вагнер ќе замине во Белорусија.