24.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Соловјов: Можеби е време, треба да се избришат од лицето на Земјата

Владимир Соловјов, сојузник на рускиот претседател и најпознатиот пропагандист на војната во Украина, повторно шокира со своите изјави во неговата изјава на државната телевизија.

Имено, тој го коментираше нападот на украинските сили на мостот кон полуостровот Крим, кој беше припоен од Русија во 2014 година. Во написите медиумите во светот потсетуваат дека во четвртокот руските власти објавија дека украинските сили го оштетиле мостот Чонгар, кој поврзува делови од регионот Херсон под Руска контрола со Крим.

Соловјов повеќепати ја повика Русија да користи тактички нуклеарни бомби во војната, а во последната прилика рече дека нападот на Крим е уште еден пример зошто Русија треба да користи такво оружје.

Новинарот на Би-би-си, Френсис Скар, на Твитер сподели преведена снимка од коментарите на Соловиев за нападот на мостот.

„Веќе немаме друга опција. Мораме да ги избришеме од лицето на Земјата, од нивните центри за одлучување, а не од украинскиот народ. Но, не треба да дозволиме некој во нивното раководство да се чувствува удобно. Тие удриле по нашите мостови, но ние не ги удираме нивните“, рече тој.

Додаде дека не може да најде логично објаснување зошто руските сили не треба да одговорат со помоќно оружје.

„Не разбирам зошто не го користиме целиот арсенал и се што имаме. Зошто секогаш си поставуваме некои ограничувања за себе? Ако нашето тактичко нуклеарно оружје ни дава предност, можеби е време? Можеби само ни треба да го искористиме?“, изјави тој, пренесуваат медиумите во регионот.