16.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Украина нападна мостови на границата на регионот Херсон и Крим

Украинските војници нападнаа мостови во близина на Чонгар, на административната граница меѓу украинската област Херсон и Крим под контрола на Москва, соопштија проруските власти.

„Криминалниот режим на Киев изврши варварски гранатирања на цивилни објекти – мостови на административната граница меѓу Херсонската област и Крим кај Чонгар“, напиша вршителот на должноста гувернер на Херсонската област Владимир Салдо на Телеграм.

Тој наведе дека според прелиминарната проценка, за време на нападот биле користени британски проектили Storm Shadow, пренесува РИА Новости.

Површината на патот на мостовите е оштетена, а повредени нема, најави Салдо.