25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Папата Франциско ја напушти болницата: Се чувствува подобро од порано

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, денеска ја напушти болницата, девет дена по операцијата на абдоменот.

Папата ја напушти болницата „Гемели“ во Рим во инвалидска количка.

„Папата е добро, подобар од порано“, изјави хирургот Серџо Алфиери, кој го оперирал папата.

Тој им рече на новинарите дека папата е доволно здрав за да патува.