17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Малолетник е уапсен поради обљуба на дете, случајот го пријавил таткото во полицијата во Бијело Поље

Полицијата уапси 17-годишник поради сомнение дека извршил обљуба врз 13-годишно дете, соопшти Полициската управа на Бијео Поље во Црна Гора.

Како што се наведува во соопштението, службениците на Регионалниот центар за безбедност „Север“ доцна синоќа околу три часот по полноќ добиле пријава од родител во име на неговото 13-годишно малолетно дете.

– Во врска со оваа пријава, полицијата презеде активности што се во нејзина надлежност и во службените простории приведе 17-годишен малолетник – се наведува во соопштението.

Во присуство на родители и работници на Центарот за социјална работа, прибрани се информации „од сторителот и оштетениот, а за настанот е известен и обвинителот во Вишото државно обвинителство во Бијело Поље, кој изјавил дека дејствијата на малолетникот содржат елементи на кривичното дело обљуба на деца“.

– По наредба на јавен обвинител, малолетникот е лишен од слобода – се наведува во соопштението.