25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала го погоди Перу

Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Перу, соопшти Американскиот геолошки институт.

Епицентарот на земјотресот бил девет километри југоисточно од перуанскиот регион Мака во провинцијата Каилома, а на длабочина од 10 километри, пренесува Ројтерс.

Засега нема информации за материјална штета или жртви.