25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

За една недела во САД починале три деца во вжештени автомобили: полицијата апелира родителите да не ги оставаат децата сами во автомобил

Во САД минатата недела три деца починале, откако биле оставени во вжештени автомобили.

Трагедиите се случиле во Вашингтон, Тексас и Флорида, пренесуваат американските медиуми. Со ова вкупниот број на починати деца во автомобили, годинава се искачи на шест, што е двојно повеќе од ланскиот број.

Во Хјустон, четиригодишно момче било пронајдено со двегодишно девојче во отклучен паркиран автомобил. Двете деца биле итно пренесени во болница, а лекарите успеале да го спасат девојчето, но не и момчето. На Флорида, 11-месечно бебе починало откако родителите ја оставиле во жежок автомобил додека биле на миса во црква. Бебето било оставено во автомобилот околу три часа. Таа била пренесена во болница каде ѝ била констатирана смрт.

Полицијата ги повикува луѓето да не оставаат деца во паркирани автомобили дури и ако не е особено топло. Можеби надвор е пријатна температура, но во исто време температурата во автомобилот може да биде опасно висока, велат од полицијата.