12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нема директен доказ за хакирање телефони, тврди МГН

Војводата од Сасекс и другите тужители се далеку од докажување дека „Мирор груп њузпејперс“(МГН) незаконски собирал информации за нив, рече претставник на издавачот во текот на рочиштето во лондонскиот Висок суд во петокот.

Принцот Хари е меѓу неколку личности од висок профил кои го обвинуваат МГН за разни незаконски практики, вклучително и хакирање телефони.

Ендрју Грин, претставник на МГН, говореше на третиот ден од рочиштето, кaде истакна дека доказите се слаби во некои од наводите, или целосно непостоечки во останатите тврдења.

Обраќајќи му се на судот како претставник на издавачот, Грин го спореди случајот со случај од 2015 година кога МГН призна дека негови новинари редовно користеле незаконски техники за да добијат приватни информации – и му беше наложено да плати отштета во вкупнен износ од 1,25 милиони фунти.

„Тогаш признавме незаконско собирање информации бидејќи имаше директни докази од Ден Еванс (поранешен новинар на „Сандеј мирор“), дека тоа се случувало.“

„Апсолутно нема сомнеж дека имало активности за осуда, но сегашниве тврдења многу се разликуваат од тогашните во однос на доказите. Доказите во овој случај се тенки за еден од тужителите, а целосно непостоечки за другите тројца тужители,“ рече Грин во судницата.

Тој, исто така, се осврна на написите во весниците поднесени како доказ за недозволено собирање вести, и нагласи дека „тие нудат неверојатно ниво на тривијалност“.