7. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски: Пораките од САД се јасни, ВМРО-ДПМНЕ мора да одлучи дали ќе се приклучи на европскиот блок

Пораките од САД се јасни, силна е поддршка за европскиот пат на земјата и ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да одлучи дали ќе се приклучи на европскиот блок или ќе остане во заложништво на Левица, порача денеска претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на првата тематска трибина „Решенија што прават разлика“.

-ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски немаат став, немаат визија. Во заложништво на проруската Левица се посветија само на блокади, хистерија од лажни вести и кочење на државата. Ништо друго. Затоа високиот претставник на САД, Габриел Ескобар упати вчера јасна порака, дека не бараат за нашата Влада, за Ковачевски, туку бараат да го поддржат европскиот пат на државата. Убеден сум дека ВМРО-ДПМНЕ многу бргу ќе мора да одлучат дали ќе го фатат последниот воз и ќе се приклучат на проевропскиот блок, за Европска Македонија кој е победнички блок. Или ќе остане во заложништво и прегратките на проруската Левица во анти Европскиот блок, кој е губитнички блок, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на трибината „Решенија што прават разлика“.

Можеби ќе ве интересира

Душко Милев: Предллогот на Филипче за дополнителни 3 денари на цената за откупа на грозјето е спас за лозарите

C +

Вистината за АНБ: Дали Мицкоски за торби пари ги продавал државните интереси на туѓи држави?

C +

Филипче за Слободен печат: Владата нема желба ниту да ги зголеми платите, ниту да ги стави под контрола цените

C +