11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Речиси 6.000 оружја предадени во Србија

Од 8 мај до денеска во Србија се предадени 5.937 парчиња оружје, 290.572 парчиња муниција и 468 мини и експлозивни направи.

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека примопредавањето на оружјето ќе трае до 8 јуни.

„Повеќе од половината од предаденото оружје на првиот ден од кампањата што беше покрената во Србија по двете масовни злосторства минатата недела во училиште во Белград и во околината на Младеновац е оружје што е во легална сопственост“, изјави Бојана Отовиќ Пјановиќ од Службата за сузбивање криминал при МВР.

Во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, на 3 мај во вооружен напад на 13-годишен ученик од тоа училиште загинаа осум деца и еден чувар, а ранети се шест ученици и еден наставник.

Еден ден подоцна, вооружен 21-годишен млад човек уби осум лица, а рани 14 во две села кај Младеновац.

По тие трагедии, државата најави дека ќе ги заостри казните за недозволено поседување оружје и даде можност во рок од еден месец да се предаде анонимно и без правни последици.