15.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Полицијата објави снимка од апсењето на момчето кое го направи вториот масакр во Србија

Српската полиција во петокот наутро по опсежна потрага во околината на Крагуевац го уапсила Урош Блажиќ (21), осомничен дека во текот на ноќта во три села кај Младеновац со огнено оружје убил осум лица, а ранил 14, соопшти српското МВР.

Српската полиција на своите канали објави како изгледало апсењето на масовниот убиец.

Уапсениот млад човек со автоматско оружје пукал во жителите на неколку села во општина Младеновац.

Околу 600 полицајци и припадници на специјалните единици учествувале во потрагата по напаѓачот кој доцна синоќа со рафали од огнено оружје уби осум лица, а рани 14 во селата Дубона, Мало Орашје и Шепшин.