17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Скандал ја тресе поранешната премиерка на Велика Британија, добила сметка за исчезнати бањарки од државната резиденција

Сметка од 12.000 фунти за користење на вила во Кент, наменета за летното уживање на членовите на Владата и потомците на кралот Џорџ Шести стигнала до поранешната британска премиерка и поранешна министерка за надворешни работи Лиз Трас.

Таа, според британските медиуми, го оспорува долгот и сака да го намали.

На адреса на Трас стасала фактура од кабинетот на премиерот за трошоците за нејзиниот престој на имотот во Кент и некои предмети кои биле пријавени како исчезнати за време на нејзиниот престој, како на пример бањарки.

Таа според написите, оспорува дел од трошоците што ги направила како вработена во владата при вршење на службени задачи.

Имено, според написите, нема проблем со плаќање на дел од трошоците поврзани со престојот на членовите на нејзиното семејство и пријателите.

Но, се очекува таа да ги надополни исчезнатите бањарки, кои според оваа сметка чинат 120 фунти.

Поранешната членка на Владата и поранешен премиер ја добила сметката затоа што актуелниот кабинет смета дека за време на престојот на имотот додека била министер за надворешни работи извршувала политички, а не службени должности.

Неименувани извори на кои се повикуваат британските медиуми тврдат дека Лиз Трас го користела имотот за таму да одржува состаноци со своите соработници, кои често се претворале во вечерни забави. Кабинетот се противи, како што велат, на идејата даночните обврзници да плаќаат за она што во суштина значи серија летни забави.

Портпаролката на Трас вели дека таа секогаш ги плаќала трошоците на своите гости во вилата.

На крајот на минатата година британските медиуми објавија дека во вилата биле пронајдени траги од наркотици по забава на која присуствувале политичките сојузници на Лиз Трас. Нејзиниот портпарол го негираше ова.

Некои извори открија дека слични траги биле пронајдени во канцелариите на Даунинг стрит 10 по две забави одржани кога Борис Џонсон бил премиер.